(ВИДЕО) Манчевски: Да се спроведат итни мерки за намалување на загадувањето – Веднаш да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓанина Скопје

0
1380

Изјава за медиуми
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 20.12.2016

Бараме градската и централната власт веднаш и без одлагање да спроведат итни мерки кои ќе го намалат загадувањето на воздухот:

1. Веднаш да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓанина Скопје.
2. Под итно, времено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот.
3. Да се воведе времена мерка за обврска од најмалку тројца патници во еден автомобил, aво спротивно автомобилот да биде исклучен од сообраќајот.
4. За да се заштитат децата и нивното здравје, училишниот распуст да почне порано од предвиденото.
5. Наместо греење за демонстрантите пред ДИК, власта да обезбеди греење за социјално најранливите категории на граѓани.

Ова се интервентни мерки кои што Градот Скопје и Владата треба да ги обезбедат во најкус можен рок. Но покрај краткорочните мерки, потребни се и долгорочни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

Токму затоа, новата влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз ќе воведе целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи ќе обезбедиме субвенции за најсовремени филтри. Преку двојното зголемување на задолжителното зеленило во Законот за просторно и урбанистичко уредување ќе обезбедиме враќање на зеленилото во градовите. Ќе субвенционираме фотоволтаични уреди за домовите и куќите за да граѓаните го користат сонцето како енергенс. Ќе субвенционираме 20% од трошоците за енергетски изолациски материјал на постоечките објекти.

Проблемот со загадуваниот воздух е резултат на сите погрешни политики на локалната и на централната власт. Потребна е сериозна и долготрајна стратегија за надминување на овој проблем. Но, пред се потребни се промени. Промените на централно ниво станаа реалност. Со оглед на резултатите од парламентарните избори, граѓаните на Скопје ќе донесат промени и на локално ниво.