(ВИДЕО) Манчевски: Груевски ќе биде поразен од Заев

0
1463

Одговори на новинарски прашања,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Павле Богоевски, граѓански активист и кандидат за пратеник 
Скопје, 12.11.2016

Медиуми: СДПМ повторно излезе со имиња слични на оние на СДСМ. Пендаровски – Продановски, Шекеринска – Шукуровска, друг Николовски итн. Каков е вашиот став за ова и дали ќе реагирате ако ДИК ги одобри овие листи?

Манчевски: Од политички аспект, евтина финта на евтиниот шибицар, Груевски. Повторно старите финти, старите работи, веќе видено, ништо ново од него. Веќе очекувано. Од правен аспект, нашиот правен комитет ги разгледува можностите за поднесување на кривична пријава заради попречување на изразување на слободната волја на граѓаните.

Медиуми: Како го коментирате чекорот на Никола Груевски да се кандидира во четвртата ИЕ? И особено неговиот Фејсбук статус?

Манчевски: Не го следам Фејсбукот на Груевски, одамна. Видете. Ние нашите листи ги објавивме на време, изгласавме на конгрес, дебатиравме околу нив, јавноста е запозната со денови. Му оставивме нему да бира каде сака да го доживее поразот. Реши тоа да го направи во четворката, таму ќе го доживее поразот, таму кадешто Зоран Заев редовно победува.

Медиуми: Дали СДСМ би признал пораз доколку Груевски го победи Заев во четвртата изборна единица? Кој е вашиот став?

Манчевски: Многу подобро е прашањето дали ДПМНЕ ќе го признае поразот на национално ниво, и дали не го реши проблемот со шестата изборна единица, за да најде изговор да не ги признае резултатите после поразот што ќе им следи.

Медиуми: Дали ќе влијае врз определбата на граѓаните да не излезат на гласање, кога во листите има осомничени кандидати од СЈО?

Богоевски: Што се однесува до кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ којашто има најмногу осомничени, не можам да кажам дали ќе излезат или не, нивните гласачи. Што се однесува до гласачите коишто не би го дале својот глас за Никола Груевски, јас сум сигурен дека осомничениот и обвинетиот статус на добар дел од кандидатите коишто можеби ќе се најдат на тие листи ќе бидат дополнителна мотивација за да граѓаните излезат и да го дадат својот глас на 11 декември против Никола Груевски.