(ВИДЕО) Манчевски: Груби ја закопа лагата на Груевски за федерализација

0
1252

Вчера, Артан Груби ја закопа лагата на Никола Груевски за двојазичност и за федерализација. Лага која единствено постои во главата на Никола Груевски. Артан Груби, јасно кажа кој на Никола Груевски му ги раководи институциите, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и шеф на изборниот штаб на СДСМ, кој ја пренесе повторно изјавата на Груби дадена синоќа на ТВ Телма.

Предлагам да чуеме лично г-динот Груби: „УЧК ја води Владата на Република Македонија, УЧК го води Собранието на Република Македонија, УЧК ги води општините во Република Македонија“. По ваквото признание дека УЧК ги води Владата, Собранието, и општините, Груевски и Ахмети треба веднаш да престанат да сеат меѓуетничка омраза меѓу граѓаните. Лагите за федерализација се само за предизборни цели како и многу други лаги претходно. Сакаме јасно да порачаме дека по 11 декември, по промените, Владата и Собранието нема да ги предводат ниту фамилијата на Груевски ниту УЧК. Државата ќе ја предводат луѓе коишто се грижат за животот на сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната етничка припадност – рече Манчевски.