(ВИДЕО) МАКФАКС : Директорот на болницата 8-ми септември, Христијан Костов изјави дека кај екс-министерот, Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“, во Шуто Оризари

0
1447

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Детаљно е извршен преглед вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди“, рече Костов и додаде дека оттука немало потреба за хоспитализација.

Поради податокот дека Јанакиески бил удиран по телото, од болницата препорачале 24-часовен надзор во затворот од страна на медицинско лице.

Претходно, директорот на затворот, Ѓоко Котевски рече дека Јанакиески имал нагмечувања, но не и скршеници.