(ВИДЕО) ЛУДО ИНТЕРВЈУ НА МАКФАКС СО ЕДНО ОД ЌОСИЊАТА КОЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО УБИЕ ЗАЕВ : Невини сме, ние од ЌОСИЊАТА не сме насилници, само го демолиравме Собранието, СЕ ОБИДОВМЕ ДА ГО УБИЕМЕ ЗАЕВ И ПРАТЕНИЦИТЕ СО СТАЛАЦИ ЗА КАМЕРИ, СТОЛИЦИ, ПИШТОЛИ И РАЧНО ИЗРАБОТЕНИ БОМБИ, СЕГА БАРАМЕ АМНЕСТИЈА ОД ФИКУСОТ ХОРХЕ ЗА ДА НЕ ОДИМЕ НА ДОЛГА РОБИЈА ВО ИДРИЗОВО!!!

0
4389

Претседателот на здружението „Андон Јанев – Ќосето“, Горан Ангелов, коментирајќи ги случувањата на 27 април во Собранието, вели дека влегувањето во законодавниот дом било без никаква цел. Според него, тој чин бил предизвикан од гневот кој бил насобран во народот.

„Сега излегува дека ние како здружение сме највиновни за случувањата од 27 април. Ние не бевме таму како здружение. Таму имаше најразличен народ. Цела вина се фрла врз нас, односно на Игор Југ и мене. Јас останав како последниот мохиканец во Македонија. Подготвен сум да си понесам одговорност, бидејќи понесен од емоциите, влегов заедно со останатите. Не сум удрил никого, не сум тепал никого, не сум украл, односно, не сум направил ништо лошо. Ние најавувавме дека доколку дојде до такво нешто, дека ние ќе влеземе. Не гледам тука организација, бидејќи ние тоа го најавивме. Во парламентот се пееше албанската химна, сакаа да постават нелегален претседател, па секој што се чувствува Македонец ќе влезе, нормално“, вели Горан Ангелов – Ќосето.

Тој додава дека никој немал намера да убие некого, ниту пак да тепа некого. Според Ангелов, физичките напади не биле од страна на партиотските здруженија, туку од обичниот народ кој влегол внатре.

„Можеби има членови на здруженија кои удриле некого, не можам да негирам, но тоа не е организирано. Свесен бев дека со влезот во Собрание правам кривично дело и ќе ја понесам одговорноста за тоа што го направивме. Јас барам аболиција за работите кои излегоа од контрола. Барам аболиција за луѓето кои се невини, бидејќи изливот на бес и емоции не можеше никој да го контролира. Со пеењето на химната, гласањето, пукањето од страна на полицаецот на Заев, сето тоа ги иритирало луѓето да направат таков скандал. Каде е одговорноста на пратениците? Ако бараме, да бараме целосна одговорност од сите“, додава Ангелов.

На прашањето дали биле кооринирани од страна на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков,  претседателот на здружението „Андон Јанев – Ќосето“ вели дека тој немал никаков контакт со него.

„Нормална е реакцијата за таков влез во Собранието. Мислам дека секој Македонец треба да си ги заштити унитарноста, јазикот и националноста. Секој Македонец треба да реагира како што реагираме ние, но се случи немил настан, се случи тепање на пратеници и јас не го оправдувам тоа. Целта беше да се прекине седницата. Не знам, едноставно се случи и тоа е. Јас кога пристигнав во парламентот, веќе имаше многу луѓе влезени внатре. Јас влегов во големата сала кај што беа сите пратеници. Ако било организирано, ќе ми рекол некој да одам во прес-центарот каде што се случија инцидентите“, вели Горан Ангелов – Ќосето.

Претседателот Ѓорге Иванов, од кого е побарана аболиција за настаните во Собранието од 27 април, се уште не дал одговор на барањето поднесено од неколку патриотски здруженија. Здружението „Андон Јанев – Ќосето“ многу често е поврзувано и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а името на Ангелов со пратеникот Илија Димовски.

„Се познаваме со Илија Димовски, бидејќи сме градски деца. Ние кога влеговме во големата сала, тој беше изненаден, бидејќи не знаеше ништо. Тој немаше никаква врска, ниту пак контактирал со нас. Јас отидов кај него и се поздравив, а тој беше изненаден што ме гледа. Ниту ние знаевме дека ќе влеземе, ниту тој. Ние претходно предупредувавме дека ако биде вака, ќе направиме така, и така натаму. Тоа беше игра на притисок, игра на негативност, но и на револт. Се случи тоа што се случи. Краен производ на сите негативности беше 27 април“, додава Ангелов – Ќосето.

По најавите за уривање на споменикот на Ќосето кој се наоѓа пред Судската палата во Скопје, Ангелов вели дека тоа нема да го дозволат и ќе застанат како жив штит пред него, додавајќи дека ако им пречи на скопјани, неговото здружение сака истиот да биде дислоциран во Велес, Ќосето да си дојде дома.

За себе вели дека е татко на три деца, сопруг, патриот, човек кој се бори за македонските национални интереси, човек кој ја шири македонштината и човек кој им помага на младите генерации да ги запознаат личностите кои дале се за Македонија.