(ВИДЕО) ЛУДИЛОТО НА ТАЛИБАНЦИТЕ НЕМА КРАЈ, по пиењето на забранетата Дојранска вода сега Поп крштева бебе и апелираше сите да се капат!

0
1639

Откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука четири плажи на Дојранското езеро да бидат забранети за капење, многумина се обидоа да докажат дека нема никаков проблем со водата.

Денеска малиот Александар беше крстен во водите на езерото, а попот кој го крштеваше и неговите родители уверуваат дека водата е чиста.

Инаку, последните анализи од пред една недела направени во Центарот за јавно здравје Велес покажале дека водата во езерото на 4 мерни места е загадена.

Општина Дојран најави дека ќе ги почитува насоките на Државниот здравствен и санитарен инпекторат и на четирите плажи во Дојран кои беа посочени дека имаат бектериолошки неисправна вода нема да го дозволи капењето се до покажување на исправни дополнителни анализи кои почнуваат да се прават уште од денеска, соопштија за МИА надлежните од општината.

Нагласуваат дека грижата за здрава животна средина и подобрувањето на квалитетот на водата на Дојранското езеро ќе биде нивен најголем приоритет.

Иако на некој начин ова претставува сериозна закана за туристичката сезона, надлежните од општината велат дека здравјето на граѓаните е на прво место, така што денес повторно земени се нови примероци од водата за дополнителни испитувања и се надеваат дека во најскоро време ќе излезат со позитивни информации во врска со состојбата на водата во Дојранското езеро.

– Неодамна започнавме изработка на сеопфатна студија за ревалоризација на езерото заедно со Министертвото за животна средина и Регионалниот еколошки центар која во иднина ќе покаже што треба да се преземе за заштита на езерото и подобрување на квалитетот на водата. Исто така во текот на април со Аристотелис универзитетот од Солун, Република Грција, аплициравме за меѓугранична соработка со проект кој опфаќа повеќе активности како што пред се е ставањето во функција на каналот за регулација на нивото на езерото,физичко чистење на крајбрежјето и мониторинг центар така што во рамки на своите можности ги превземаме сите неопходни мерки за отстранување на новонастанатата ситуација, посочуваат надлежните од општина Дојран.

Екипи на „Комуналец-Полин“ и општинскиот инспекторат ќе направат скенирање на сотојбата со колекторскиот систем како и можните диви приклучоци долж неколкуте помали реки и потоци кои се влеваат во езерото како можни причинители на бактериолошката неисправност на водата.

Видео – Канал 5