(ВИДЕО) ЛУДА БРКАНИЦА ПОМЕЃУ САШЕ ПОЛИТИКО И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕМИР КАПИЈА ТРАЈЧЕ АПАШОТ

0
5724

Претпладнево во центарот на Демир Капија бркотница и закани за ќотек од градоначалникот Трајче Димитриевски попознат по надимакот Апашот на новинарот Саше Ивановски политико.

Како што за Либертас изјави Политико тој заминал за Демир Капија да ги провери лично кај градоначалникот информации од читатели на неговиот портал Мактел.

-Градоначалникот го сретнав на улица му пријдов му се преставив и само што почнав да го прашувам ме нападна,ме пцуеше и сакаше да ми го земе мобилниот. Во инцидентот се вклучи и неговиот возач и тој ме пцуеше и ме бркаше – изјави Ивановски за Либертас.

Тој нападот го пријавил во полиција.