(ВИДЕО) Локвенец : Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против покачувањето на минималната плата од 14.500 денари, затоа граѓаните ќе ги казнат

0
846

Успеавме и покрај блокадите и кочењето од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот, минимална плата ја покачивме на 14.500 денари.

Зголемувањето на минималната плата за историски највисоки 14.500 денари носат 5.500 денари повеќе кај работниците месечно или над 60 илјади денари годишно!

За само две и пол години минималната плата ја зголемивме два пати. Тоа е вистинска грижа за трудот на работниците.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која е против покачување на платите!

На вчерашната седница, јавноста уште еднаш беше сведок на деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ против граѓаните и против покачувањето на платите.

Откако претходно се обидуваа на различни начини да ги блокираат измените, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаа за повисока минимална плата.

Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Љупчо Димовски, Весна Пемова, Драган Цуклев се само дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа на вчерашната седница.

Координаторот на пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски воопшто и не присуствуваше на седницата.

Толку од наводната грижа на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните.

Хрстијан Мицкоски, следејќи ги насоките на неговиот шеф, Никола Груевски, делува против граѓаните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против поголема минимална плата, против поврат на ДДВ, против повисоки пензии, затоа што е научена парите да завршуваат во белиот дворец.

Граѓаните ќе го ценат таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Затоа на 12 април ќе им испорачаат нов убедлив пораз и ќе потврдат дека концептот парите кај граѓаните е правиот пат, дека државата е на прав пат.