(ВИДЕО) Локвенец : Поканата за членство во НАТО е остварување за стратешките интереси, да ја искористиме шансата

0
1088

Прес конференција,

Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата

Скопје, 30.06.2018

Почитувани граѓани

Нека ни е честит уште еден голем историски успех! Mакедонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата.

Горди сме! Македонија- триесеттата земја членка на НАТО. Македонското знаме, на триесеттиот јарбол пред седиштето на Алијансата!

По неодамнешното добивање датум за преговори со ЕУ, ова е уште едно голем признание за сите наши граѓани, за нашата татковина.

Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет.

Пред нас е историска можност за почеток на преговори за членство во ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО.

Ова е остварување на врвните национални и државни интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Се реализира децениска желба на цела една генерација, се обезбедува стабилноста и македонската иднина.

Членството во НАТО не значи само загарантирана стабилност и безбедност, туку значи и можност за многу повеќе инвестиции. Тоа значи повеќе пари во економијата, нови работни места, повисоки плати, повисок животен стандард за сите граѓани.

За само една година, Владата предводена од СДСМ ја врати земјата на евро-атлантскиот пат и покажа капацитет за реформи и решавање на отворените прашања во интерес на сите граѓани.

Како сериозна и државотворна партија, преку одговорна и посветена работа, ги остваруваме стратешките интереси. Се обврзуваме, успешно да ја завршиме сета домашна задача.

Се потврдува, Договорот со кој се решава 25 годишниот спор со Грција е патриотски чин. Го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и јазик и ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО.

Почитувани граѓани,

Дојдовме на прагот на ЕУ и НАТО, се случуваат историски моменти што на подобро ја менуваат иднината на нашата држава. Да ја искористиме шансата што е пред нас.

Заради нашата држава и заради иднината на следните генерации, да кажеме „Да“ за влез на Македонија во НАТО. Да кажеме ДА за ЕУ. Да кажеме ДА за македонската иднина!