(ВИДЕО) Локвенец открива скандалозно однесување на режимските прдежи во УБК: Тајната полиција немала налог да открие како снимките од кабинетот на Црни Грујо завршиле во куртон-медиумите

0
1125

lokvenec-685x320

Собраниската Комисија не доби одговор на клучните барања од Управата за безбедност и контраразузнавање, која ја посети вчера со цел да се изврши контрола над законитоста во спроведувањето на овластувањата на Управата, да се лоцираат злоупотреби и негативности во работењето, изјави денеска Хари Локвенец, пратеник и претседател на собраниската Комисија за надзор на работата на УБК.

– Соопштението издадено од собраниските служби за оваа посета воопшто не кореспондира со реалноста. Со оглед на тоа дека информациите се класифицирани со степен на доверливост, нема да соопштувам детали. Иако беше побарано Управата да ни ги достави сите протоколи, процедури и подзаконски акти според коишто работи, тоа не се случи. Комисијата доби оскуден материјал на 5 страници, именуван како информации – рече Локвенец.

Според него, собраниската комисија не може да започне контрола над законитоста на работата на УБК ако ги нема овие акти.

На прашањето како снимките од кабинетот на Никола Груевски завршиле во провладините медиуми и на интернет, одговорот од УБК бил дека не добиле налог да го истражат тоа.

 

– Со ова само уште еднаш се потврди дека власта нешто крие и не сака суштински надзор над работењето на УБК. Очигледно власта во заминување сака да избега од соочување со прашањата поврзани со незаконското прислушување – рече Локвенец.

При подготовката на посетата на УБК, Комисијата писмено се обратила до Врховниот суд на Република Македонија од каде побарала одговор дали има наредби издадени од судот за следење на комуникациите во периодот од 2007 до 2014 година. Одговорот бил дека Врховниот суд нема издадено наредби за следење на комуникациите.

– Од друга страна, бројот на издадените судски наредби, објавен од Јавното обвинителство, во Извештајот за примена на посебните истражни мерки во 2014 година, не соодејствува со бројот на судските наредби за 2014 година евидентирани во УБК. Бројот на прикажани судски наредби во УБК е поголем од оној кој е даден од Јавното обвинителство на РМ. Како е тоа можно? Овие факти отворија прашања кои мора да бидат одговорени, во интерес на граѓаните на Република Македонија – истакна Локвенец.

Тој најави дека во интерес на јавноста, Комисијата започнува процедура за ангажирање експерти кои ќе помогнат во нејзината работа, зашто, како што додаде, граѓаните мора и ќе ги добијат сите одговори.