(ВИДЕО) Локвенец: Граѓаните мора да знаат дали навистина постојат закани по безбедноста на државата

0
1223

Изјава за медиуми,
Х.Локвенец, претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и АР
Скопје, 29.08.2016

Почитувани,

Собранието на Република Македонија, а со тоа и граѓаните, мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали навистина постојат закани по безбедноста на државата.

Ова е особено важно после шпекулациите и сеењето страв од Ѓорге Иванов.

Затоа, денеска свикав седница на Комисијата за надзор над УБК и АР во рамките на остварување на надлежностите на комисијата за контрола на работењето на овие две институции.

Седницата беше закажана по иницијатива на пратениците од опозицијата, а со цел надлежните институции да дадат одговор дали постојат опасности и закани за безбедноста на граѓаните и уставниот поредок на Република Македонија.

Дали навистина власта има контрола врз безбедноста или самата таа е причинител за бројните ризици?

Надлежните раководни лица на овие две инситуции изразија уверување дека сите закани се следат, но од наша страна беше укажано дека не е потребно само да се следат активностите и опасностите, туку мора да бидат превземени поинтензивни мерки за спречување или неутрализирање на можните опасности.

По демократските промени, новата, одговорна влада на СДСМ, на најтранспарентен начин ќе ги информира граѓаните за ризиците и ќе ја гаранитира безбедноста на сите граѓани.