(ВИДЕО) ЛОКВЕНЕЦ: Ги исполнуваме НАТО стандардите, поголем буџет за одбрана и повисоки плати за војниците

0
929

Прес конференција,
Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 24.11.2018

Почитувани граѓни, почитувани новинари,

Силно сме посветени на интеграцискиот процес што Македонија ја води до полноправно членство на НАТО, како врвен национален и државен интерес.

Обезбедуваме повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите, повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници, повеќе пари за опремување на АРМ.

По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување.

Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра.

Војниците на АРМ, како и сите вработени во Министерството за одбрана добиваат повисоки плати од 5 отсто од наредната година.

30 милиони евра се обезбедени за опремување, за набавка на униформи, за дел од испораката на војнички чизми, подобра храна, резервни делови, обуки и школувања на припадниците на АРМ.

Почитувани,

Зборот е збор, од изолирана, поделена и осиромашена држава, за само две години Македонија стана рамноправен партнер со демократскиот свет.

По добиената покана, во 2019 година Македонија има историска шанса, стануваме 30 земја членка на НАТО Алијансата.

Тоа значи остварување на врвниот стратешки интерес, тоа значи гаранција на нашата безбедност и неповредливот на границите, но значи и повеќе странски инвестиции, достапност до нови знаења и технологии и секако повеќе пари кај граѓаните.

Одговори на новинарски прашања