(ВИДЕО) Лозари: Ни треба лидер, некој што ќе не поведе

0
1126

Продолжува неизвесниот откуп на грозје во Тиквешијата. Пред Винарската визба „Повардарие“ километарска колона од трактори со смедеревка и уморни и нервозни лозари кои тука се со денови. Понижувањето на лозарите нема крај, иако неплатено од лани, повторно го носат грозјето во Повардарие бидејќи никој друг не го откупува, пренесува БРИФ.lozari_negotino_kolona_10-10-2016-1-610x400

– Мене не ми е платено од лани, ама што да правам, нема каде да го носам. Јас знам луѓе кои немаат и по 4 години платено грозје, ама од немај каде пак тука го носат. Два дена сум овде, еве на ливчето ми пишува 150 на ред. Кога ќе биде тоа, не знам – се пожали лозар од Неготино.

Поранешната пратеничка Ленче Николовска која денеска ги посети лозарите им порача дека вакото понижување е резултат на нефункционалноста на министерството за земјоделство односно негрижата на власта.

– Не смее да се дозволи вакво ваше понижување, согласно закон владата треба да ги санкционира оние винарии што не ви исплаќаат, да им се земе лиценцата и да овозможи сигурен откуп на грозјето – изјави Николовска.

Лозарите се пожалија и дека немаат лидер, односно нема кој да ги поведе да се изборат за своите права.