(ВИДЕО) Ливерпул ја освои Лигата на Шампионите

0
2365

Ливерпул е новиот европски првак откако во финалето на Лигата на Шампионите во Мадрид, го победи Тотенхем со 2-0.

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах го отвори резултатот во финалето на Лигата на шампионите по само една минута и 48 секунди, кога беше досуден пенал.

Голот на Салах е втор најбрз во финале на елитното натпреварување.

За Ливерпул ова е шести трофеј во елитната лига.