(ВИДЕО) Ласкова: Поддржуваме хуманост и одиме чекор понатаму, создаваме систем за грижа од државата!

0
1113

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како партија која ги поддржува хуманоста и солидарноста како базични човечки вредности им го честита на сите хумани луѓе Денот на хуманитарната помош, вели Цветанка Ласкова, координаторката на Форум на жени на СДСМ.

– Да продолжиме да бидеме човечни, да си подаваме рака секогаш кога ни е потребна помош. Да не чекаме големи непогоди и катастрофи да не потсетат дека треба да си помагаме едни на други. Неодамнешните поплави, кои за жал однесоа десетици човечки животи, потврдија дека македонските граѓани се солидарни и хумани. Сепак, сакаме да порачаме дека хуманитарната помош не е и не смее да биде замена за помошта што граѓаните треба да ја добиваат од државата. Ќе понудиме систем кој се грижи за граѓаните. Нивното здравје и нивната социјална егзистенција нема да зависат од хуманитарни акции и СМС-пораки. Здравствениот и социјалниот систем треба да превенираат и да овозможат грижа на граѓаните кои се ранливи и во тешка состојба, а хуманитарните активности да бидат само дополнителна поддршка – порача Ласкова.