(ВИДЕО) КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ПРВАТА СОРАБОТНИЧКА НА БОКИ, ЈАСНА МАНДИЌ

0
1197

За потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ вечерва е одреден куќен притвор, пренесува „Фокус“.

-Притворот се бараше по сите три основи. Судот објективно заклучи дека се исполнети условите за ефективен притвор и предложи куќен притвор. Ние нема да се жалиме на оваа одлука. Таа се сомничи за измама и перење пари, главно за помагање, изјави нејзиниот адвокат.

Тој додал дека најверојатно ќе биде отворен нов случај за оваа истрага која беше објавена денеска, а произлезе од случајот „Рекет“.

Јасна Мандиќ, која е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет денеска беше донесена во Кривичниот суд да даде исказ за предметот Рекет. За неа обвинителството побара мерка притвор.