ВИДЕО: Критична е ситуацијата со пожарите во кавадаречко, оганот се шири кон градот

0
1249

Голем пожар беснее во кавадарeчкото село Манастирец, а пожар има и во соседното село Трстеник. Пожарот не е стигнат до боровата шума, а изгорено е големо пространство со смрека и друг вид шума.

Состојбата е критична, а од Противпожарната единица во Кавадарци за 24 ТВ велат дека можно е оганот да се прошири кон Кавадараци бидејќи ветерот не им оди во прилог, па можно е ноќта да ја минат таму.

Тие упатија апел до сите слободни пожарникари кои не се на смена да се вклучат за да не биде оставен градот Кавадарци на милост и немилост.