(ВИДЕО) Котески: Нереални инвестици и лаги преку медиумската пропаганда!

0
1272

Прес конференција на советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески:

Медиумскиот мрак и медиумите на Никола Груевски се обидуваат да ја сокријат вистината за лошата состојбата на фабриката за чипс лоцирана во Кравари.

Груевски пресече лента и само два месеци потоа се отпуштаат вработени.

Јавноста не знае ниту дека првично, фабриката за чипс беше најавена како инвестиција која требаше да се реализира во индустриската зона Жабени.

Но, ниту тоа не се случи.

Тоа е Никола Груевски. Нереални инвестици и лаги преку медиумската пропаганда, платена со пари на граѓаните. Во реалноста, граѓаните остануваат без работа.

Затоа се потребни реформи за слободни медиуми, граѓаните да ја знаат вистината.

За жал проблемите на фабриката за чипс се само пример за битолската економија која се наоѓа во постојан пад.

Фабриката за шеќер „4-ти Ноември“ Битола е под стечај. Екс заменикот министер за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2015-та година најави дека ќе се сади репа и дека шеќерана ќе работи. Денес шеќерана е под стечај.

Факт е дека ниту Владимир Талески не направи ништо за вработените.

Дури и Пивара Битола, на чие отварање не најде згодно да се појави првиот човек на градот, денес има сериозни проблеми во своето работење.

Трикотажа Пелистер, фабрика која работеше над 90 год денес е под стечај.

Податоците покажуваат дека влошувањето на резултатите во работењето не е само кај големите фирми.

Профитот на сите фирми во земјава лани се намалил за 39%, а дури 37% од сите фирми во земјава, лани работеле со загуба.

Во исто време вкупниот долг на фирмите достигна историски највисоко ниво од 5,5 милијарди евра или 64% од македонскиот бруто домашен производ.

А во меѓувреме од градот се имаат трајно иселено над 30.000 наши сограѓани, пред се млади, образовани лица. Пазар на недвижности во Битола скоро и да не постои. Инвестициите се на минимум, сите се борат за преживување броејќи ги деновите од 1-ви до 1-ви.

Затоа се потребни промени.

Битола и граѓаните на Битола знаат. Доаѓаат подобри времиња со подобри луѓе, вистинска програма којашто е решение за проблемите.

На следните фер и демократски избори доаѓаат промени.