(ВИДЕО) Котески: На хаваријата во РЕК Битола и нема крај!

0
1294

Прес-коференција  на советникот во О.Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески:

Почитувани граѓани,

РЕК Битола е во слободен пад!

Времето на лаги и манипулации помина.

Во понеделникот, поради неинформираност и лошо менаџирање, животите на повеќе работници беа доведени во опасност!

Ден потоа, во вторникот, присебноста на еден вработен спаси од задушување неколку работници коишто во тој момент вршеа сервис на котелот во Блок 1.

Неколку лица беа хоспитализирани, а за овие настани е покрената постапка и од надлежни институции.

Денес повторно во РЕК Битола имаме полиција и инспектори коишто вршат увид на местото на денешната хаварија.

Станува збор за хавариски испад на сигурносни вентили на БЛОК 1, блок кој не работеше скоро два месеци.

Раководните кадри од РЕК Битола ги обвинуваат вработените дека станува збор за диверзија, за што е повикана и полиција па сега дел од вработените во БЛОК 1 се на испитување, се замаат изјави, отисоци односно се преземаат сите полициски работи како при кражба на банка.

Кога овај БЛОК ќе биде повторно ставен во функција никој не знае!?

Одговорните лица од ЕЛЕМ и должат одговори на јавноста.

Повторуваме дека незнаењето, поставувањето на партиски кадри на несоодветно место и недисциплината во извршувањето на работните задачи е главна карактериситика на ова владеење и менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа се доведоа во опасност животите на сите вработени како и целокупната опрема.

И повторно предупредуваме дека состојбите во РЕК Битола се многу сериозни и освен што чинат милиони евра пари на граѓаните, што е упте посериозно, може да чинат и човечки животи!

За овие состојби не е виновен никој друг освен некадарното раководство на РЕК Битола и ЕЛЕМ.

Заради целокупниот хаос, недомаќинското работење, ризикот врз сите вработени во комбинатот, бараме комплетните раководства на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола да си поднесат НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА!
На граѓаните им е потребен стабилен енергетски систем, којшто ќе гарантира стабилно производство на електрична енергија и домашна поефтина струја.

По демократските промени, новата, одговорна и транспарентна влада предводена од СДСМ ќе го поттикне и ќе го поддржи развојот на домашните енергетски капацитети,  што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.