(ВИДЕО) ЛАДЕН ТУШ ЗА ГЕРО – Костадинов : СДСМ осудува каков било обид за загрозување на слободата на говор, тоа е неприкосновено, нула толеранција за закани и навреди, лицето кое се заканило на Геро не е активист на СДСМ

0
1115

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

Утрово дојде господин Геровски, имавме конструктивен разговор во однос на заканите кои што беа упатени до него, вчера вечер.

Секако, како одговорна партија, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се оградуваме и најостро осудуваме каков било обид за навреда или за спречување на изразување на слободна мисла на говор. Тоа не е наша вредност.

Наша програмска определба, наш принцип и наша вредност е да имаме овозможување на слободно изразување на волјата на говор, тоа и го правиме. За тоа доказ се и извештаите на “Репортери без граници” каде што Република Северна Македонија има раст од 15 места во истите тие извештаи.

Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме