(ВИДЕО) Костадинов: Граѓаните на Валандово се шокирани од оваа гледка – Тезгите од градскиот пазар се монтирани во школскиот двор на основното училиште „Јосип Броз – Тито”

0
1164

Граѓаните на Валандово се шокирани од оваа гледка. Погледнете, тезгите од градскиот пазар се монтирани во школскиот двор на основното училиште „Јосип Броз – Тито”. Нормалното одвивање на наставата и целиот образовен процес во ова училиште е доведен во прашање. Дислокација на градскиот пазар во училишниот двор е извршена без почитување на било какви законски процедури и правила, без консултација со родителите, наставниците и учениците, рече денеска Перо Костадинов од СДСМ.

– Ова самоволие на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на учениците и на образовниот процес и веројатно е уникатен пример на неодговорност, карактеристичен за власта на Никола Груевски. Тука се продаваат земјоделски производи, најразлични други производи, алкохолни пијалоци и ножеви, каде што поминуваат и учат нашите деца?! Ова е исто така крајно непријатно и за самите продавачи на тезгите и за купувачите, со чијашто егзистенција веќе подолг период си игра власта на Груевски. Бараме од градоначалникот на општина Валандово, Николче Чурлиновски веднаш да се откаже од апсурдната идеја за привремена дислокација на градскиот пазар во дворот на основно училиште и веднаш да се пронајде соодветна локација за функционирање на градскиот пазар. Валандово такви локации има многу – нагласи Костадинов.