(ВИДЕО) КОСОВСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОВТОРНО ФРЛИ СОЛЗАВЕЦ ВО КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

0
1179

Веќе вторпат во една недела опозициските пратеници во Косово фрлиле солзавец во Парламент, во обид да го прекинат заседанието и да го блокираат договорот со Србија постигнат со посредништво на Европската унија (ЕУ), пренесуваат косовските медиуми.

Солзавецот бил прошверцуван во косовскиот Парламент и покрај новите полициски контроли на влезовите во зградата, поради кои и пратениците мораат да поминат низ метал детектор. Солзавецот бил употребен за време на заседанието на Парламентот, а по инцидентот бил пронајден и уште еден неискористен пакет на солзавец.

Пратеникот и поранешен шеф на националистичката партија на косовските Албанци, „Самоопределување“, Албин Курти е осомничен за првиот напад со солзавец пред една недела. Тој бил приведен од страна на полицијата на распит, што предизвика насилни протести во Приштина.

Партијата „Самоопределување“ и останатите опозициски партии на Косово се жестоки противници на договорот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.