(ВИДЕО) КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ : ЌЕ СЕ ПОДОБРИ ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ И ЌЕ МУ СЕ БРЦКА ВО ОКОТО НА ПРЕТХОДНИТЕ СТРУКТУРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КОРУПЦИЈА И КРИМИНАЛ

0
1722

„Во Прилеп ќе има јавен градски превоз со квалитетни и безбедни возила.
Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови од Прилеп почна
постапка за јавна набавка на 4 нови автобуси. Во меѓувреме до завршување
на тендерот, работиме на репарирање на 4 крајно амортизирани од вкупно 10
автобуси, коишто ги набавила по половни цени претходната локална
гарнитура. Проблемот со градскиот превоз ќе го решиме трајно. Нема да
дозволиме никој да се богати на сметка на граѓаните, создавајќи илузија дека
во Прилеп има градски превоз“, изјави на денешната прес конференција
Марија Цветаноска, в.д. директорка на ЈП за ПУП.

Цветаноска истакна дека за набавка на 10-те автобуси биле потрошени околу 7.5 милиони денари, а дека за нивна поправка биле вложени огромни суми народни пари. При тоа, поправките се правеле по екстремно високи цени, се
набавувале гуми по цена од 17.200 денари, иако истите во малопродажба можеле да се купат за 4.000 денари помалку .