(ВИДЕО) КОМИЧЕН ПРЕС НА ВМРОВЧИЊАТА : ЧЛЕНСТВОТО НА ДРЖАВАТА ВО НАТО Е ЗАСЛУГА НА ВМРО-ДПМНЕ, ЗАЕВ И ДИМИТРОВ НЕМААТ БЛАГЕ ВЕЗЕ, ДА НЕ БЕВМЕ НИЕ НИКАД НЕМАШЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО АЛИЈАНСАТА!

0
1365

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува потпишувањето на пристапниот протокол за НАТО за Република Македонија. Ова е важен ден за Република Македонија и денес се завршува една неправда нанесена на државата од пред повеќе од 10 години – изјави денеска портпаролот на партијата, Димче Арсовски. Тој смета дека процесот за исполнување на условите е во голема мера заслуга на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која според него, изминатите години континуирано инвестирала во армијата и нејзините капацитети, преку многубројните учества во мисии.