(ВИДЕО) Ковачевски: Да се дадат 5-те милиони евра за владино рекламирање на поплавените граѓани

0
1260

Со овие амандмани предвидуваме Владата на Република Македонија да намали 10 милиони евра од градежни објекти. Предвидуваме да се скратат 300 милиони денари или 5 милиони евра од Владата за економска промоција, рече пратеникот Васко Ковачевски, во однос на предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на седница бр.86 на Комисијата за финансирање и буџет.