(ВИДЕО) Китев : Мицкоски е против правдата, се грижи само за имотот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо поддршка за Законот за ЈО

0
940

Прес конференција на СДСМ, Бетиане Китев, пратеник на СДСМ

Во ВМРО- ДПМНЕ ништо не се менува. Христијан Мицкоски е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото.

Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицковски во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава

Христијан Мицкоски, Законот за Јавно обвинителство го поврзува со имотот на партијата.

А од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.

Христијан Мицковски на овој начин само потврдува дека поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.

Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта. Опозициската партија се уште е во криминалната матрица на Груевски.

Затоа, на 12 април, граѓаните на ваквиот неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон државата и институциите ќе одговорат на 12 април кога уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на опозицијата.

На 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе!