(ВИДЕО) Кирацовски РОКНА БОМБА: Иво Ивановски лично наместил тендер и над 2 милиона евра!

0
3685

Вчера соопштивме сериозни индиции за вмешаност на Министерство за информатичко општество и администрација во незаконски тендери, при што профит од стотици илјади, па до повеќе милиони евра завршувале кај неколку компании блиски до фамилијата на власт, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Објавивме, документирано, дека само по основ на фактурирани, а неиспорачани лаптопи наменети за учениците, ова министерство овозможило во нечии џебови да завршат над 200.000 евра.

Денеска ќе објавиме документи што упатуваат дека злоупотребите на тендери и процедури се правени директно од министерско ниво.

Претходниот министер, Иво Ивановски, донел Решение за избор на најповолен понудувач за проектот „Комјутер за секое дете“, ден ПРЕД Комисијата за јавни набавки да направи рангирање и да даде предлог за најповолен понудувач, што е против законски.

Еве го Решението потпишано од Ивановски, на 7-ми Април, 2009-та година, а

еве го Извештајот од спроведената постапка од Комисијата за јавни набавки при министерството, изготвен ден потоа, што според законот, требало да биде обратно.

ВКУПНАТА СУМА НА ОВАА НАБАВКА, НА КОЈА ШТО МИНИСТЕРОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ИВО ИВАНОВСКИ НЕЗАКОНСКИ СТАВИЛ ПОТПИС Е 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.

Каква против услуга требала да врати предвреме избраната компанија, ЦТ Компјутерс ДОО Белград и ЦТ Компјутерс МК Скопје, за возврат на оваа услуга на Ивановски?

Дали е тоа разликата во цена од 2,3 милиони евра помеѓу намерно избраната компанија и неизбраниот најповолен понудувач?

Или се тоа 200-те илјади евра за платени, а неиспорачанилаптпопи за учениците?

Дека проектот Компјутер за секое дете е криминален, спроведен без соодветна анализа и преку сомнителни постапки, потврдува и ОВОЈИзвештај на Државниот завод за ревизија, што укажува на недостатоци на дел од договорите за набавка на компјутерите.

Според овие наоди од ревизијата, може само да се претпостави што уште правела власта на Груевски за свои интереси преку овој проект.

Сакам да ја уверам јавноста дека ова е само дел од чекорите што ги преземам како дополнителен заменик министер за обелоденување и спречување на злоупотребите на парите на граѓаните правени од страна на расипничката власт на Никола Груевски.

Секој кој работел противзаконски и нанел штета на интересите на граѓаните ќе одговара!