(ВИДЕО) Кирацовски: Праќам инспекции за притисоците на власта врз вработени

0
1191

„Институциите на системот мора да ја почитуваат волјата на граѓаните! – Тоа подразбира и Уставниот суд! Тоа подразбира и кадрите кои раководат со партизираните институции од страна на власта на Никола Груевски!

Според информациите со кои што располагам, вчера и денеска вршени се огромни притисоци врз вработени во Јавниот Сектор особено во општините, училиштата и јавните претпријатија, како и вработените во државните претпријатија“, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

„Притисоците се вршени лично од страна на директорите и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

На вработените им е наложено со директиви од нивните партиски шефови и со закани дека ќе останат без работа, да отидат на контра протестот пред Уставниот суд.

Тоа се случува во Битола, Прилеп, Штип, Крушево, Кочани, Крива Паланка, Охрид и други општини, од каде од утрото се тргнати автобуси организирани од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

За партиски цели, вчера беше злоупотребена Општинската администрација од општините Кисела Вода и Карпош.

Очигледно е дека покрај списоците за сигурни гласачи кои ВМРО-ДПМНЕ ги бара од вработените, вработените исто така се вадат од нивните работни места во работно време и спротивно на нивна волја.

Во сите институции за кои имам информации за вакви злоупотреби на администрацијата ќе испратам управна инспекција и трудова инспекција.

Казните за директорите, раководителите, градоначалниците, за сите оние кои го правеле тоа се мошне сериозни и им порачувам да не ги занемаруваат!

Масовниот протест синоќа на кој што слободно, по сопствена волја, присуствуваа над 12.000 граѓани, е гласна и силна порака и до власта на Никола Груевски и до партиските инсталации во Уставниот суд.

Се враќа демократска Македонија! Промените почнаа и назад нема!

Сите кои соработувале или соработуваат со режимот и противзаконски, противуставно нанеле и нанесуваат штета на правата и интересите на граѓаните – ЌЕ ОДГОВАРААТ“, изјави Кирацовски.