(ВИДЕО) Кирацовски: По промените, значајни инвестиции во инфраструктурни проекти

0
905

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ
Кочани, 22.08.2016

Во изминатиот период заедно ја разобличивме криминалната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и докажавме дека краделе и корумпирале избори, што се потврди со илјадниците фантоми во избирачкиот список.

Заедно го делегитимиравме работењето на оваа гарнитура политичари кои наместо на суштински приоритети, парите ги потрошија на споменици, фасади и панорамски тркала, додека граѓаните страдаат од сиромаштија и безработица до погубни поплави кои однесоа и човечки животи, само поради некадарноста и неодговорноста на власта.

За властодршците се е веќе кажано и видено. Токму затоа во наредниот период многу помалку ќе зборуваме за нивните злодела, а многу повеќе за нашата визија за подобро утре на граѓаните кое ќе го градиме заедно со нив.

За скоро доаѓа нова власт предводена од СДСМ која за приоритет ќе ги има реалните животни потреби на граѓаните.

Планирани се инвестиции од 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување и 3 милијарди евра во патната ифраструктура за 10 години.

Во поважните делници во нашиот план за развој на патиштата спаѓаат и делницата: Штип – Кочани; делница: Кочани – Виница – Делчево; како и Реконструкција на патот М. Каменица – Кочани;

Ќе изградиме мост на реката Брегалница на регионалниот пат Кочани – Зрновци;

Ќе извршиме реконструкција на левиот канал за водоснабдување на атарот на општина Зрновци;

Ќе ја гасифицираме Општина Кочани, а со природен гас ќе ја оспособиме и слободна индустриска зона;

Во првата година од мандатот ќе обезбедиме 22 милиони евра за мерки за вработување, што е за 3 пати повеќе во однос на просекот од претходните години.

Младите ќе добијат реална шанса да отворат сопствен бизнис и да останат во својата родна земја.

Ќе обезбедиме од 20 до 50 милиони евра годишно за поддршка на бизнис секторот, наместо досегашните 200 илјади евра.

На овој начин, преку многу други реални мерки и решенија, со домаќинско и макотрпно работење, од нашата држава ќе направиме поубаво место за живеење