(ВИДЕО) Кирацовски: Нов скандал тежок над 1 милион евра преку Иво Ивановски

0
1074

133110159Доплнителниот заменик министер за информатичко општество и админситрација Александар Кирацовски денеска обвини дека поранешниот министер Иво Ивановски дозволил, како што наведе, да отидат речиси милион евра на сметка на фирмата Виста Груп, за проектот Интероперабилност, иако фирмата не го испочитувала Договорот склучен со Министерството.

– Станува збор за проектот што беше помпезно најавуван т.е. систем за меѓусебна размена на податоци помеѓу државните институции. Постојат документи, изготвени директно од ова Министерството, во коишто се констатира дека Виста Груп, зела скоро милион евра, а не го исполнила договореното што е противзаконски, рече Кирацовски.
За овој проект, според него, не постои ниту записник за примопредавање, затоа што никој не сакал да преземе одговорност, а Виста Груп не го испочитувала ниту рокот за реализација на проектот, а и покрај тоа Министерството не ја активирала банкарската гаранција, што е спротивно на договорот и на штета на граѓаните.

Кирацовски тврди дека за ова биле свесни сите во Министерството и во останатите институции вклучени во проектот, вклучувајќи и Владата.

– Наместо да ги отстранат неправилностите или да ги информираат органите на прогон, тие пробале тоа добро да го затскријат со доверливи и тајни документации, реорганизација на работењето и нови дополнителни инвестиции за спроведување на веќе исплатениот проект. За ова постојат и документи изготвени од самото министерство и Владата, изјави дополнителниот заменик министер за информатичко општество и админситрација Александар Кирацовски.