(ВИДЕО) Кирацовски: Министерката Арсовска -Томовска направи дело со списокот на вработени за кое се оди во затвор

0
1100

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска обвини дека без негов потпис министерката Марта Арсовска Томовска до Државната изборна комисија (ДИК) доставила неточен и на несоодветен начин пополнет список со вработени во јавниот сектор и оти  нема правно дејство.

–  Овој список е еден од клучните предуслови за фер и регуларни избори, бидејќи од него ДИК избира членови на изборните органи кои ги спроведуваат изборите,  рече Кирацовски на прес-конференција.

Кирацовски испратил допис до ДИК во кој побарал, како што рече, да го врати половичниот и аматерски направен список, пополнуван преку несоодветни формулари, внесувани во ексел табели, наместо во соодветниот софтвер.

– Во дописот што го доставив до секој член на ДИК поединечно, потенцирав дека доколку го прифатат овој список, ќе сторат кривично дело за кое се оди во затвор. Исто така, потенцирав дека списокот поднесен без двоен потпис од министер и ДЗМ, нема правно дејство, рече Кирацовски и додаде дека за шест месеци се објавени три различни податоци за бројот на институции и за вработени во јавниот сектор.