ВИДЕО: Кејот на Вардар и плоштадот Македонија ќе бидат прогласени за туристичка зона!

0
991

andrej-zaev-685x320

Кејот на Вардар кај ГТЦ и плоштадот ќе ги прогласиме за туристичка зона, со што би станало нелегално да се градат сервисната улица на кејот кај ГТЦ и Шпанските скали на плоштадот, најавиja градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција која на кејот. Во оваа зона ќе биде опфатен кејот пред Холидеј Ин, Парламентот односно местото каде треба да се градат Шпанските скали како и плоштадот.

Заев посочи дека централното градско подрачје во Скопје станува се попроблематично место на живеење, пренесе А1он.

„Од бомбите, од прислушуваните разговори, чувме дека Никола Груевски е главен планер и архитект за градбите и спомениците во Скопје. За проектот „Скопје 2014“ нема анкета и граѓаните не се прашани за инвестицијата од 600 милиони евра. Сообраќајниот метеж, со ова, бидејќи нема инфраструктурна поставеност, дополнително се компликува. Ние од СДСМ, градоначалникот Жерновски и опозициските советници градиме партнерство со граѓаните“, рече Заев.

Тој посочи дека пред наши очи се сечат дрвја и се уништуваат паркови.

„Доаѓа време, кога власта ќе се врати кај граѓаните, бидејќи се работи за нашиот главен град. Не се работи за инает и реваншизам туку за заеднички интереси. Решение мора да се изнајде и тоа заедно со граѓаните бидејќи дрскост и безобразие е тука на Кејот да се гради улица“, рече Заев.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски посочи дека небулозните градби и скулптури под проектот „Скопје 2014“ не им носи корист на граѓаните. На само две недели од назначувањето на новите министри има офанзива на нови градби од „Скопје 2014“.

„Денеска на седница на советот на Општина Центар, ќе донесеме забрана за градба на овој потег, кој ја опфаќа и улицата на Кејот, но одлуката нема да се дозволи и изградба на Шпански скали, а не само на оваа небулозна улица. Ги повикуваме луѓето на власта да се откажат од изградбата на вакви градби, во спротивно ќе изгласаме забрана на сите градби. Ја повикуваме и стручната јавност да се вклучи во ова, ги повикуваме и граѓаните и невладините организации, бидејќи ова е битка за интересот на граѓаните“, вели Жерновски.

Ова посочи не е политичка одлука на опозицијата. Жерновски му понуди рака и на градоначалникот Коце Трајановски заеднички да застанат против изградбата на улица на Кејот на Вардар.

Видеата со обраќањата на Заев и Жерновски може да ги погледнете ОВДЕ