(Видео) Како изгледа дрон за вистински професионалци?

0
1473

DJI Matrice 600 е најмоќното летало од ергелата на DJI. Има носивост до 6 килограми, максимално траење на летот до 35 минути, со максимален домет до 5 километри, а DJI Matrice 600 е компатибилен и со голем број на камери за снимање.

На дронот може да се монтираат различни модели на камери од Nikon, Canon, Sony, Panasonic, Black Magic, RED и други.

Со него има контролер со LightBridge 2 системот за пренос во живо, кој ви овозможува во реално време да пренесувате видео резолуција до 1080p со 60 fps. Иновација е интелигентниот систем на батеријата, новиот GPS, можност за преземање на SDK пакет за развој на апликации, итн.

Дронот чини 5.299 евра.