(ВИДЕО) КАКОВ ШОК ЗА ПРОПАГАНДАТА НА МАФИЈАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ – Пресуда на Врховен суд: Заев чист пред законот, нема криминал во изградбата на „Глобал“ во Струмица

0
6365
Судовите ја потврдиле законитоста на постапката во случајот „Глобал“. По две години и осум месеци, Управниот и Врховниот суд донеле пресуди со кои се потврдува законитоста на постапката за изградба на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
„Со овие две судски пресуди се докажа дека изградбата на ’Глобал’ е чиста како солза“, соопшти Зоран Заев – претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица. Тој објасни дека постапката пред судовите ја водел инвеститорот „Делукс инженеринг“, кој и’ бил партнер на Општина Струмица во првото јавно партнерство во Македонија.
Така се избегнало во предметот да фигурираат Заев и Општина Струмица за да се исклучи можноста за повторна политизација на овој случај.
Основниот суд во Струмица и Апелациониот суд во Штип исто така потврдиле дека нема ниту еден криминален потег во случајот „Глобал“.