(ВИДЕО) ИСИС отвори војна во Брисел : Експлозии на бриселскиот аеродром, 13 загинати и 40 ранети

0
1276

Две експлозии одекнаа утрово околу 8 часот на бриселскиот аеродром Завентем.

Според првите информации кои се уште не се потврдени официјално, 13 лица загинале а 40 се ранети. Се уште исто така не е познато дали станува збор за терористички напад.

Белгиските власти одржуваат во овој момент специјален безбедносен совет и се очекува наскоро официјално соопштение.

Аеродромот е затворен а евакуацијата е во тек. Експлозиите се случиле во холот на заминување каде што се врши чекингот.