(ВИДЕО) Илија Јованоски со порака до уметниците : Градиме нов театар-Прилеп седиште на културата и уметноста

0
1114

Почитувани сограѓани,

Драги прилепчани,

Ја имаме привилегијата да живееме во градот на Блаже Конески, Марко Цепенков, Стале Попов, Благоја Платнар, Благоја Спиркоски – Џумерко и плејада други културни дејци, коишто го задолжија Прилеп и Македонија.

Ни оставија огромно културно наследство за кое што мора да се грижиме, да го негуваме и чуваме. Но и да ја продолжиме нивната традиција. Наместо град на кичот, Прилеп мора да изгради квалитетна културно-уметничка инфраструктура, која што ќе биде база и за развој на културниот туризам.

Прилеп, иако е град каде што повеќе од 5 децении се одржува Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, се уште нема театарска куќа согласно сите современи стандарди.

Затоа, лично се заложувам, како иден градоначалник на Прилеп, наместо оваа руинирана зграда, ќе изградиме нов објект, во којшто ансамблот од млади и извонредни актери, коишто со години освојуваат врвни награди на домашната и на европската сцена, ќе творат уште покреативни изведби.

Културно-историското богатство, локалитетот „Маркови Кули“, како раритетно природно наследство ќе се заложиме да биде на листата природни богатства, кои се ставени под капата на УНЕСКО. А, со тоа Прилеп ќе добие значајно место на европската и светска мапа на природни – културни добра.

Комплетно ќе ја реставрираме старата турска бања во Градски музеј со галерија. Овој објект има историско значење, и треба да се стави во функција.

Ќе ја реставрираме Старата прилепска чаршија, за враќање на првобитниот традиционален изглед и разубавување на просторот со урбани реквизити и опрема.

Ќе изградиме музеј „Градска (прилепска) куќа“ која што во себе ќе содржи соби со посебни музејски поставки:

-Библиотека со литература од родно-крајните автори, но и весници и списанија од Прилепско низ историјата,

-Традиционална градска соба со предмети од домаќинствата што се користеле во минатото, и со староградска облека, но и традиционална рурална носија,

-Соба со предмети, ракописи, биографии, фотографии на познати, славни дејци од Прилеп,

-Соба која што ќе го отслика развојот и достигнувањата на прилепското стопанство низ историјата,

-Соба – галерија каде што ќе бидат изложени изработки од прилепските мермери и гранити, како природно богатство што му отвори пат на Прилеп, низ целиот свет,

-Финансиски ќе ги поддржиме културните манифестации.

Прилеп ќе биде средиште на културата и уметноста. Туристите ќе имаат што да видат и да посетат.

Затоа, на 15 октомври, заокружете го бројот 19.

Заедно да ги реализираме сите проекти, за живот во Прилеп, за сите!

Прес на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Илија Јованоски