(ВИДЕО) Илија Јованоски : Создаваме отворена и услужна општина за секој граѓанин

0
1470

Почитувани,

Прилеп ќе биде отворена и услужна општина за сите граѓани!

Создаваме Локална самоуправа во која,секој граѓанин ќе добива навремени, квалитетни и евтини услуги.

Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници.Ги опремуваме со техничкиуслови и го зајакнуваме нивниот правен статус.

Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едноместо, и од органите на локалната, и од органите на централната властво современи центри за услуги.

Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии,во кои се нудат услуги во секое село.

Граѓаните ги вклучуваме во креирањето на буџетот,во носењето одлуки и во контролата на власта. Сите петиции, граѓански иницијативи, предлози и амандмани, ќе бидат на дневен ред на новата локална власт!

Ги уверувам своите граѓани дека средствата што ги дале од својот џеб ќе бидат вложени во унапредување на општата благосостојба во Прилеп и квалитетен живот за сите.

Буџетските средства ќе се користат строго наменски,транспарентно, домаќински и одговорно! Граѓаните редовно ќе бидат информирани за сработеното.

Обезбедуваме ефикасен јавен превоз и бесплатен превоз за пензионерите, секој ден од 9 до 11 часот.

Градиме две нови детски градинки и ги подобруваме условите за згрижување и воспитување на децата. Тоа е наша цел.

Со проектот гасификација овозможуваме евтино греење и настава во топли училници во студените зимски денови за сите ученици.

Обезбедуваме бесплатен училишен прибор за сите првачиња. Градиме квалитетни генерации со вистински вредности.

Нудиме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби. Градиме едно општество за сите со почит кон секого.

Почитувани прилепчани,

Вратите на Општината се отворени за Вас, за вашите идеи и планови, но и за Вашите проблеми кои итно ќе ги решаваме.

Во Прилеп ќе има живот за сите!