(ВИДЕО) Илија Јованоски : Градиме спортско-рекреативен центар со затворен базен во сала Македонија

0
1644

Почитувани граѓани, драги прилепчани,

Ова е објектот што Марјан Ристески, 12 години го остави на забот на времето и ништо не направи.

Ние сме овде пред сала „Македонија“  да го промовираме новиот проект кој ќе се вика: „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен и токму ќе биде направен на ова место.

Овај центар ќе биде наменет за сите граѓани на Прилеп, и тоа за деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Вториот дел ќе биде наменет за рекреативни пливање, фитнес центар и колективна гимнастика. Зошто е битен оваj центар, 25 проценти од децата на школска возраст од 6 до 18 години имаат искривен рбет. Хидро терапијата е најдобра докажана метода за корекција на оваа деформација, затоа ние посакуваме да имаме здрави и исправени деца.

Почитувани сограѓани, сите сме овде да дадеме нов живот на Прилеп и на младината во Прилеп.