(ВИДЕО) Илија Јованоски : Градиме современа депонија со можност за производство на биогас

0
1541

Почитувани сограѓани,

Драги прилепчани,

На лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески му дојде крајот.  Веднаш откако дојде на власт ја спречија изградбата на регионална депонија, проект на СДСМ вреден 22 милиони евра и најавија изградба на локална депонија.

Но, и по 12 години, овде како што може да видите се наоѓа истата депонија, која што е извор на зараза.

ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески не водат сметка за парите на граѓаните кои многу лесно и ненаменски ги трошат. Наместо изградба на компостара која што ја ветуваат со години, во терминалот 6 години лежи, рѓосува, линијата за секундарна селекција на отпад. А, примарната селекција не е завршена, зашто не се набавени нови канти за отпад.

Но, да не го трошиме времето на неуспешните. Јас како иден градоначалник на Прилеп со новата локална власт и со ваша поддршка на истото ова место, ќе изградиме современа депонија согласно сите европските еколошки стандарди.

Ќе изградиме фабрика за рециклирање на неоргански отпад. Соодветно ќе биде складиран органскиот отпад, што вклучува цевководен систем за одведување генериран метан.

Во втората фаза генерираниот метан, поточно биогас, ќе се компримира и ќе се користи за мини производство на електрична енергија во нашата локална средина. Ова значи заштеда за општината и повеќе пари за сите граѓани.

Отпадот е суровина, и ние ќе го искористиме!

Ќе ги расчистиме сите диви депонии.

Ќе набавиме нови возила за собирање смет и за метење на градските улици.

Ќе поставиме подземни контејнери во централното градско подрачје за елиминација на конвеционалните контејнери, од кои се шири голема нечистотија и непријатен мирис.

Почитувани сограѓани,

Чистата животна средина е наш императив.

Сите овие проекти ќе бидат стварност во урбан Прилеп, со ваша поддршка.

На 15 октомври за чист Прилеп, заокружете го бројот 19.

Во Прилеп ќе има живот за сите.