(ВИДЕО) Зошто СЈО го презеде предметот “Шпион“

0
1198

Што е суштината на воспоставување на стварната належност на предметот Шпион од Специјалното јавно обвинителство прашува одбраната на обвинетите. Очекувањата беа дека Шпион како што е првиот предмет за шпионска афера во македонија ќе биде и првиот предмет кој СЈО ќе побара да се суди од почеток, објави „Телма“.

Одбраната се сомнева дека одлуката да се одбијат жалбите на обвинетите е обид да се балансираат состојбите и правење компромиси.

Од Специјалното обвинителство никогаш не кажаа зошто го земаат Шпион заради што седницата на Апелација се одлужуваше со месеци. Одбраната по вчерашниот шок во судница денес анализира.

Доколку предметот е монтиран како што тврдеа обвинетите СЈО не можеше да предложи прифаќање на пресудата , а доколку пак од прислушкуваните разговори се гледа вина кај обвинетите не може да се побараат помали казни, појаснува адвокат Звонко Давидовиќ.

Шпион од истрага до прва пресуда го водеше обвинителка која сега е во СЈО, нешто што за одбраната е сомнеж за причините специјалното обвинителство да ги прифати сите докази иако од институцијата велат дека таа не е вклучена во работата за предметот.

Обвинетите и нивните бранители во апелациониот суд со часови зборуваа за доказите во и тврдеа дека се нелегални. Одбраната приговара дека постапката била прекршена уште од почетокот со несоодветна наредба од ненадлежен судија, за потоа со обвинението да се достават документи во фотокопија кои според Законот за кривична постапка не се валидини докази.

Спорно за нив е тоа што не било утврдено за кои странски служби работеле обвинетите и што добиле за возврат. Се надеваат дека аргументите се на нивна страна и иако СЈО побара само намалување на казните Апелациониот суд ќе донесе одлука за повторно отворање на досието Шпион.

ВИДЕО прилогот ОВДЕ