(ВИДЕО) Зошто Крпач беше помилуван? Кој го ставил на листата на Иванов?

0
982

За какво дело претседателот Иванов го помилувал Коста Крпач, ако Специјалното обвинителство тврди дека не бил осомничен? Од Кабинетот на Иванов одговор нема. Ако се знае дека Иванов во интервју посочи дека за имињата на аболираните дознал од соработниците, кој тогаш го впишал во листата сведокот Коста Крпач? Иванов засега без одговор и на ова прашање. Аболиција важи само за лица за кои е потврдено дека се сомничат за некој криминал, и Претседателот не може да помилува личности кои пред обвинителствата фигурираат како сведоци – вели поранешниот прв човек на скопска Апелација, Јордан Митриновски, пренесува 24 Вести.

Од СЈО истакнаа дека знаеле за притисоци со кои Крпач се соочувал, но не кажаа повеќе детали. Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, сведоците на специјалното обвинителство мораат да бидат заштитени за како што вели, да се избегнат понатамошни притисоци и трагични епилози од аболициите на Иванов.

krpac-pomiluvan1-670x340

Името на Коста Крпач се најде помеѓу 56-те аболирани од претседателот Иванов, но СЈО потврди дека Крпач бил сведок, а не осомничен. Од СЈО наведуваат дека за нив нејасна е одлуката на Иванов да го помилува Крпач, и сеуште чекаат одговор на барањето да им се достават податоци од каде му се информациите дека наводно против Крпач се водела постапка.