(Видео) Зоран Заев: Нема договор без преодна влада

0
1186

zzz-480x320

По завршувањето на денешната лидерската средба изјава даде Зоран Заев, лидерот на СДСМ, додека Никола Груевски кажа дека ставот ќе го соопшти вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека нова средба ќе има на 26 мај, откако денеска не се постигна никаков напредок и поради тоа што се очекува да се види дали утре во Стразбур на двајцата лидери ќе им бидат претставени нови предлози.

Заев кажа дека без формирање на преодна влада во чиј состав нема да навлегуваат, не може да има напредок во преговорите.

– На масата беше ставен предлог за теми за разговор од страна на ДУИ, но секако омаше најавени теми и од страна на СДСМ, ДУИ и ДПА. Не разговаравме за овие прашања затоа што секако прво треба да се реѓат одредени прашања, а тоа се: принципелност во самите предлози, рамноправност и гаранција во спроведувањето на сето она што ќе биде договорено.Очигледно нема некој исчекор, но договоривме нов термин на 26 мај, знаејќи дека утре престојат средби во Стразбур, рече Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=S5BFFDhvTa0[/youtube]

Тој, одговарајќи на новинарски прашања рече дека разговорите не стигнале до фаза во која би се разговарало за барањата на која било од страните.

– Се уште се разговара за принципите при влез во евентуални преговори, рамноправноста на сите во тие преговори, како гаранција за чесен пристап и фер однос на сите и гаранција за практично спроведување на она што, евентуално, би се договорило.

Според Заев неопходно е да се формира преодна влада за да се воспостави нормален систем. Таа влада би спровела слободни и независни избори.

– Нашиот став е јасен, бараме формирање на преодна влада, што е доволно широк термин и дава повеќе алтернативи. Таа преодна влада може да биде технократска од администрацијата, експертска, составена од експерти, може да биде и политичка. Ние го аргументираме нашето барање како независна институција која ќе биде влада во одреден период, заради враќање на сите состојби во нормала и подготовка на Македонија за предвремени парламентарни избори, рече Заев.

Извор: А1он