(ВИДЕО) Земјоделците повторно излажани од министерот, оризот пропаѓа, револтот расте

0
895

Оризопроизводителите од земјоделското здружени „Бело злато“ подолг временски период ја бијат битката на 6000 семејства чија основна егзистенција е производството на ориз. Со писма, со апели во јавноста и со неколку средби во министерстсвото за земјоделство се обидуваат да се најде решение за нивниот проблем околу пласманот на оризот.Во тек е новата жетва, а оризот од ланската реколта сеуште не е продаден, пренесува „Бриф“.

-Неколку пати бевме во Министерството за земјоделство, а остваривме и средба на иницијатива на министерот Михаил Цветков на која беа претставници на откупувачите, инспектори, луѓе од Платежната агенција и други земјоделци и на која средба се донесоа заклучоци за цената на оризот и начинот на откуп. Но ништо од тоа не се реализира. Исто како и ланската година кога во министертсвото се договори цена од 25 денари за арпа и 50 денари за белиот ориз. На терен нема ништо од тоа, оризот  уште стои непродаде – изјавија оризопроизводителите на средбата со поранешнатата пратеничка Ленче Николовска.

-Ова е таа  перфидна игра на власта,  кога наместо  да го решава проблемот со пласманот на оризот, преку намалување на производната цена или најдиректно преку интервентен откуп, таа  ве насочува кон откупувачите како најголеми виновници. Проблемот со пласманот на оризот, како и на сите други земјоделски производи е проблем на државата и така треба да се решава. Не може владата  да субвенционира производство а да не се грижи каде вие ќе го продадете родот. Решение има и мора да се реагира – изјави Николовска.