(ВИДЕО) ЗДРУЖЕНИЕ ,,ПАКТИС” ОД ПРИЛЕП ПОВИКУВА : Активирај се против говорот на омраза и лажните вести

0
1292

Здружение Центар за стратегии и развoј- ПАКТИС- Прилеп сo пoддршка на Фoндација
Отвпренo oпштествo – Македoнија гo спрoведува прoектoт „Активирај се прoтив
гoвoрoт на oмраза и лажните вести“, вo периoд oд Јули дo Декември 2018
гoдина. Прoектот има за цел да ја едуцира пошироката јавност, особено младите во
областа на говорот на омраза и лажните вести, како и за негативните импликации врз
развојот на младата популација од зачестеното ширење на говор на омраза на
социјалните мрежи и во локалната средина.

Вo рамките на овој проект ПАКТИС започнува кампања со која се стреми да го
редуцира говорот на омраза, особени помеѓу младите.

За остварување на овие цели ПАКТИС ќе користи алатки што подразбираат употреба на уметноста за спречување на говорот на омраза, обука за граѓанско новинарство и јавна дебата за остварување на интеракција помеѓу сите засегнати страни.

Со цел подигнување на јавната свест за проблемот со говорот на омраза, ПАКТИС изработи анимирано видео со кое се прикажува целиот процес поврзан со практикувањето на говорот на омраза, и како истото се шири, негативното влијание што го предизвикува врз младите и како авторитетите го занемаруваат овој проблем.

Анимираното видео прикажува ситуации коишто за жал се секојдневие во училишните средини, каде има доста случаеви што потврдуваат дека младите не се заштитени од говорот на омраза и биле изложени на етикетирања од страна на свои врсници.

Затоа, ПАКТИС превзема серија на активности за едукација на младата популација и спречување на поделбата базирана на предрасуди.

Приклучете се против говорот на омраза и лажните вести во локалната заедница!