(ВИДЕО) Заеднички прес на Д.Манчевски и Љ.Николовски : Наместо Тркало на лудоста, ќе изградиме систем за заштита од поплави!

0
1551

Дамјан Манчевски:

Почитувани, погледнете колкава област, колку населени места беа изложени на опасност и на катастрофи од поплави исклучиво заради неодговорноста и неспособноста на Никола Груевски и Коце Трајановски. Стајковци, Црешево, Смиљковци, Страчинци, Инџиково, Илинден беа најпогодени заради негрижата на власта.

И наместо да се свести, Груевски упорно продолжува да го гради „Тркалото на лудоста“ од 19 милиони евра. Ако овие пари беа наменети за инфраструктурни објекти за заштита од поплава, оваа катастрофа немаше да ни се случи.

Еве што ние ќе направиме за никогаш да не ни се повторат вакви штети од поплави:

Ќе изградиме ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води. Ќе ги уредиме сливните подрачја, ќе ги исчистиме речните корита и каналскиот систем. Ќе го заштитиме Скопје од порои.

Ќе ја санираме скопската обиколница, за да не ги поплавува куќите на жителите од Стајковци и другите населени места.

Ќе изградиме системи за атмосферска и фекална канализација кои ќе ги намалат ризиците од поплава. Процентот на рурални населени места покриени со атмосферска канализација од сегашните 18% ќе го подигнеме на 40%. Ќе го заштитиме Стајковско езеро од излевање.

Press 04.09.16

Љупчо Николовски:

Почитувани граѓани, ќе ги спроведеме и следниве мерки за да не ни се повтори ваква катастрофа:

Ќе воведеме забрана за изградба на објекти во коритото на „Вардар“ и другите реки во Македонија.

Нема да дозволиме „Галии“ и други пиратски градби кои го зголемуваат ризикот од поплави.

Ќе изградиме современ хидрометеоролошки систем за рано предупредување, за граѓаните во цела Македонија мора да бидат навремено информирани кога има ризик од поплава.

Ќе изградиме нови системи за наводнување и одводнување во сите подрачја со најголем ризик од поплава.

Годишно ќе инвестираме 10 милиони евра во вакви системи.

Ќе извршиме вистинско пошумување на соголената Скопска Црна Гора и другите ризични планини, наместо да се сликаме за Денот на дрвото.

Ве уверуваме, доаѓа време кога безбедноста, здравјето и сигурноста на секој човек ќе бидат приоритет во работата на институциите.

`Press 04.09.16-12

Trkalo na ludosta