(ВИДЕО) Заев: Ќе ја гасифицираме цела Македонија, граѓаните и фирмите ќе заштедат!

0
1422

„Гасот е најупотреблив енергенс во целиот свет затоа што е ефтин и еколошки, и по декември и Македонија ќе ја поврземе со светот. Па, ако како граѓани користите гас, сметките се за 20 до 30 проценти пониски. Ќе ја гасифицираме цела Македонија, граѓаните и фирмите ќе заштедат. По 11 декември, вакви гасни станици ќе има уште во 32 града во Македонија“, изјави денеска од Струмица, претседателот на СДСМ Зоран Заев.mkd-291560

Заев објасни дека гасната станица поставена во Струмица им го поевтини и олесни животот и работењето на граѓаните, институциите и фирмите и дека до сега во Македонија само Струмица и Куманово го користат гасот.

„Ние Македонија ќе ја поврземе со ТАП, еден од познатите европски гасоводни системи и со преносните системи на соседните земји и ќе им помогнеме на домаќинствата, станбените згради, индустриските објекти и оранжерии да инсталираат системи за гас. Ова е изводливо и реално, а гасната станица во Струмица е доказот“, изјави Заев.

Заев потенцираше дека пред да се воведе гасот во Струмица, училиштата плаќаа 24 милиони денари, годишно за греење, а денес трошоците за греење се помалку од 10 милиони денари.

„Секое училиште заштедува по 60 проценти од парите што ги добива, заштедените пари се искористени за нови прозорци, врати, ефикасни фасади кој топлат, за нови табли, квалитетни столчиња, маси за седење, нови кабинети за практична настава на учениците, и многу други работи. Овој бенефит што го имаат децата во Струмица и Куманово ќе го имаат децата во цела Македонија“, изјави Заев.

На прес-конференцијата тој истакна дека освен намалените сметки на граѓаните, бенефит ќе имаат и фирмите кои со користитење гас наместо нафта и дрва би заштедителе милиони денари.