(ВИДЕО) Заев: Јас не сум најпаметен во земјава, само сум многу храбар да донесам одлука која ќе ми ја предложат експертите

0
1425

Премиерот Зоран Заев вечерва беше гостин во предновогодишната емисија „Лица“ со Анета Кочишки на 1ТВ. Тој ја резимираше 2018 и зборуваше за своите очекувања во 2019 година.

-Не работам 24/7, неделата е за мене, кога можам и во сабота сум со семејството, секогаш се враќам во Струмица. Тука ми се другарите, се трудам да бидам едноставен и приземен, да ги слушнам разговорите, знам да се прошетам и во Скопје, затоа што некогаш власта и политиката можат да ги тргнат политичарите понастрана од реалноста на граѓаните, објаснува премиерот.

„Македонија ќе каска во место се додека не ги реши отворените билатерални прашања, затоа што беа кочницата за нашата интеграција и во НАТО и во ЕУ. НАТО и ЕУ носат стабилност, мир, сигурност, но и економија, домашни и странски инвестиции. Дебатата во политичките кругови е дали со претседателските да се оди и на парламентарни или не. Но сега, кога треба да ги собереме ловориките од крупните одлуки кои ќе го донесат економскиот бран на охрабрување, исклучиво од нас дома ќе зависат економските успеси. Верувам дека ќе ги покажеме, вториот и третиот квартал покажуваат раст од 3,1%, а четвртиот кој ќе биде објавен во февруари очекувам 4%, изјави Заев и додава дека само над 4% раст граѓаните ќе го почувствуваат вистински.

-Знам да се консултирам, да прашувам, се сметам можеби повеќе за храбар отколку за најпаметен. Јас сум просечен, едноставен човек. Веројатно поучен од минатото, сум исправен пред мандат во којшто беа созреани процесите за храбри одлуки, ќе рече и додава дека истиот принцип го користи и во политиката – консултации со експертите и храбри одлуки за кои верува дека носат перспективи за граѓаните“, рече Заев.