(ВИДЕО) Заев: Со опозициската БЕСА разговаравме за заедничка поддршка на прифатлив кандидат за претседател, отворени се повеќе можности

0
1119

Во однос на средбата со Касами, премиерот Заев потврди дека сè уште нема конкретен договор, но се надева дека повеќе партии ќе застанат зад предлогот за заеднички кандидат. Тој рече дека кандидатот ќе биде претставен идната недела на конгресот по што ќе се знае кои политички партии ќе дадат поддршка.

„Имињата, анализите, односно рејтинзите, се важен елемент за оваа одлука, јас се надевам дека ќе изнаједеме заеднички прифатливо решение, но сепак останува партиите внатре да си одлучат и да си го кажат своето, односно дали ќе застанат зад предлогот“, рече Заев.

Тој не сакаше да коментира дали Стево Пендаровски е најприфатливото име за албанскиот електорат и повика на трпение до наредната недела.

Додаде дека уште еднаш ќе направи обид да стапи во контакт со Зијадин Села и да најде начин да се надминат недоразбирањата со Тараври. Најавеното замрзнување на опозицијата за сите активноти во Собранието го коментира како чекор што не е добар за државата и ги повика да се вклучат во процесите што ќе следуваат.