(ВИДЕО) ЗАЕВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ПРЕД БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА: Сите храбри потези кои ги направив се на моја политичка штета ама во ваша корист, вие да правите поголеми профити за да делите поголеми плати и да вработувате повеќе луѓе!

0
1399

„Реализацијата на експресниот пат Градско-Дреново-Прилеп, оди според предвидената динамика. Се подготвува проектната документација за патот Прилеп-Битола, двата проекти се значајни за севкупниот развој на пелагонискиот регион. Разговаравме и за идејно решение преку Бабуна-Велес-Прилеп до граничниот премин Меџитлија, како и проектната документација за проекти кои започнуваат, обиколницата околу Битола и експресниот пат до Меџитлија кон Грција. Ја најавивме и програмата во вредност од 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта за проектот „Македонија без кал“, подвлече Премиерот Заев.

Зборувајќи пред стопанствениците премиерот рече дека во моментов во државата имаме рекордно ниска невработеност од 19,4%, а Владата ќе работи таа постојано да се намалува. Притоа тој се осврна и на структурата на невработените лица во државата при што посочи дека голем дел од невработените се со завршено основно или помалку од основно образование.

„Мора брзо да дејствуваме во насока на преквалификација на работната сила, за да може економскиот развој да продолжи во позитивна насока. Важно ни е младите луѓе лесно да можат да се вработат, односно да се отвори простор за сите невработени полесно да се вработат. Зборувавме за двата модалитети за имплементација на дуалното образование и бизнис секторот ни е многу важен партнер во овој процес. Државата преку агенцијата за вработување овозможува поддршка од 1,1 милијарда денари за поддршка на вработувања. Преку образовниот процес, согласно новите програми, учениците уште во прва година во средните стручни училишта да почнат со практична едукација во компаниите, а во втората, третата и четвртата година, таа практична работа во компаниите да се зголемува, на тој начин да се прилагодиме како општество на новите потреби на стопанството “, кажа Премиерот.