(ВИДЕО) Заев: Сите општини да ја донесат својата механизација во поплавените населби и да му помогнат на локалното население коешто трпи несогледливи последици

0
1235

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно апелираше да им се помогне на поплавените околу неопходните работи.

– Денеска, покрај специјализираните возила коишто доаѓаат од општините коишто се раководени на СДСМ, испратени се 5 мали камиончиња со носивост од 2 до 5 тона и неколку скипери коишто, навистина, им требаат на граѓаните за да може да ги натоварат сите оние оштетени алишта, работи коишто ги имаат од своите домови изнесено во дворовите и пред самите улици. И навистина, најголемата потреба, апелираме, е да се испратат вакви камиончиња и други скипери за да може да се отстранат сите тие оштетени работи од самите улици.

– Апелот сакам да го искористам како можност да допре до сите општини, пред се урбаните општини. Сите имаат своја механизација и неколку специјализирани свои возила. Навистина, доколку сами дојдат и ги стават своите ресурси на располагање на државните штабови за управување со кризи, како и на Градот Скопје, може многу да им се помогне на граѓаните – рече тој.

Според него, следната потреба којашто, исто така, е од огромно значење, Градот Скопје и општината Гази Баба да донесат одлуки, во близината на сите овие населени места за претоварни станици за отпадот за да можат граѓаните уште полесно, во близината на своите места, да го отстрануваат отпадот преку овие возила како би можеле понатаму комуналните претпријатија од градот Скопје да ги носат на соодветните депонии.

– Ова, во моментот, според наши проценки, е нешто коешто е најважно, покрај помошта којашто им е потребна на граѓаните. Денеска доаѓаат и неколку шлепери со вода, неколку комбиња со други прехрамбени намирници, ќе бидат распоредени по сите овие места, но апелот е, навистина, сите урбани општини да се вклучат, имаат свои механизации и можат многу да помогнат на локалното население коешто трпи несогледливи последици – додаде тој.

Денеска тој беше во неколку населени места, во Инџиково, во Црешево, во Стајковци и во други населени места во околината.

Од утрово, екипите на Општина Центар, на Куманово и на Струмица се на територијата на Сингелиќ, на Смилковци и продолжуваат со активностите од вчера.